Градба на растителна клетка
Растителната клетка е основна, градбена и функционална единица на секое растение. Зборот органела значи ,,мал орган”. Органелите се сметстени во клетката и вршат специфични функции својствени за самите себе. Расителната клетка е изградена од следните делови:
ØКлеточна мембрана
ØКлеточен ѕид
ØЦитоплазма
ØЈадро
ØДноплазматичен ретикулум
ØГолџи систем
ØЛизозоми
ØПероксзоми
ØМитохондрии
ØМикротубули
ØВакуола
ØПластиди
ØРибозоми
1. КЛЕТОЧНА МЕМБРАНА И КЛЕТОЧЕН ЅИД
Клеточната мембрана ги обвива и ја одделува од останатите клетки, но има и транспортна улога.
Клеточниот ѕид на растителната клетја ја даа формата, врши транспорт на материи, пртставува цврста и јака обвивка која во голема мера ја заштитува од надворешни влијанија.
2. ЈАДРО
Јадрото претставува најголемата органела во клетката. Неговата функција е да врши контрола во целата клетка. Јадрото е изградено од неколку дела и тоа:
ØЈадренце (лат. Nucleolus) - учествува во синтезата на рибозоми
ØХроматин - го исполнува јадрото, кој во процесот на делба на клетката истата се кондензира и се создаваат хромозомите се со цел рамномерно и правилно распределба на наследниот материјал
ØЈадрена пора - низ која поминуваат рибозомитеод од јадрото во цитоплазмата
ØЈадрена мембрана - заштита на хроматинот
3. ЦИТОПЛАЗМА
Цитоплазмата претствува желатинозн проѕирна течност која ја исполнува клетката и која учествува во внатре-клеточниот транспорт на материи.
4. ЕНДОПЛАЗМАТИЧЕН РЕТИКУЛУМ
Едноплазматичниот ретикулум (ЕР) претставува продолжеток на јадрената мембрана. Учествува во транспортот на протеините кои претходно се синтетизирале во рибозомите. Постојат два вида на ЕР и тоа:
ØГрапав ЕР кој содржи рибозоми
ØМазен ЕР кој не содржи рибозоми
5. ГОЛЏИ СИСТЕМ
Претставува органела кои ги конвертира протеините на тој начин што, оние со терциерна и кватернерна структура со што истите ги спојува со сотанати молекули како: липиди (липопротеини) и јаглехидрати (гликопротеини). По соодветната обработка тие материи се натрупуваат или се одделуваат како крајни производи во облик на секреторни везикули или вакуоли со различна големина. Голџиевиот систем е изграден од голем број нееднакво дебели и делумно свиткани мембрански структури наречени сакули.
6а. ЛИЗОЗОМИ
Лизозомите имаат функција да вршат лизирање (јадење) на одредени материи кои клетката не може да ги искористи со помош на ензимот лизозим.
6б. ПЕРОКСИЗОМИ
Пероксизомите имаат функција да учествуваат во оксидацијата на аминокиселините и масните киселини со ензимот пероксидаза.
7. МИТОХОНДРИИ
Митохондриите претставуваат органели кои се т.н. ,,енергетски централи’’. Во процесот на клточното дишење создаваат енергија во вид на АТР молекули кои се користат во биохемиските процеси која клетката ги врши.
8. МИКРОТУБУЛИ
Микротубулите претставуваат тенки шупливи цевчиња кои го градат цитоскелетот на самата клетка за да го задржи својот облик и големина.
9. ВАКУОЛА
Вакуолите претставуваат оргаели кои се од големо значење на клетката. Тие содржат сопствена мембраа наречена тонопласт која внатре е исполнетасо вакуоларен сок составен од органски (протеини, јаглехидрати, аминокиселини, органски сиселини и др.) и неоргански соединенија (вода и соли). Ваквите соединенија ги даваат вкусовите на самите плодови, а истовремено тие го одржуваат нејзиниот тургорен притисок.
10. ПЛАСТИДИ
Посојат три вид на пластид и тоа:
Хлоропластите се среќаваат само во зелените делови на растенијата и одередени видови на алги. Тие го содржат пигментот хлорофил преку кој се одвива процесот на фотосинтеза. Ваквите пластид по боја се зелни.
Леукопластите не содржат пигмент, односно тие се безбојни.
Хромопластите тие се се со црвено- жолто обојување. Тие ја даваат бојата на венечните листови кај многу цветови. На есен бојата на литовите е токму поради присуството на ваквите пластиди.
11. РИБОЗОМИ
Рибозомите претставуваат субмикросткопски органели во кои се одвива синтезата на протеините.
Comments
Post a Comment