Синџир на исхрана



Животните се неверојатно интелигентни кога е во прашање нивниот опстанок. Опстанокот на самите животни пред сè се  должи на нивната исхрана. Дали одреден вид ќе преживее во природата зависи од неговото место во самиот синџир на исхрана. Животните развиле механизми со кои истите опстојувале милиони години токму преку синцирот на исхраната. За да се биде предатор треба да бидеш најголем во самиот синџир, но и снаодлив кога е во прашање исхраната.

Синџирот на исхраната е поделен на три дела, според местоположбата и интегритетот што го имаат со живиот свет.

1. РЕДУЦЕНТИ (РАЗГРАДУВАЧИ) – во оваа група спаѓаат хетеротрофните организми – Габи. Истите користат готови органски материи од изумрени видови и истите учествуваат во крушењето на органските материи во природата.

2. ПРОДУЦЕНТИ – во оваа група спаѓаат растенијата. Тие создаваат органски соединенија (Шеќери) за сите живи организми на планетата (животни и човекот), преку процесот на фотосинтеза (СО2 + Н2О + Светлина = О2 + Шеќери (С6Н1206).

3.  КОНСУМЕНТИ – во оваа група на спаѓаат хетеротрофните органзми (животни и човек). Тие користат готови органски соединенија кои се создадени од продуцентите. Според видот на исхраната, консументите се поделени во 3 групи, и тоа: хербивори (тревојади), карнивори (месојади) и омнивори (сештојади).

Понатаму според местоположбата во синџирот на исхраната, консументите се поделени во неколку подгрупи и тоа: консумент од 1 ред (ги користи растенијата како храна), консументи од 2 ред (ги користи животните како храна од 1 ред), консументи од 3 ред (ги користи животните како храна од 2 ред) и на крај на врвот на пирамидата на исхраната е консумент од 4 ред (тој освен што ги користи животните како храна од 3 ред, туку истиот може и од 2 ред на консументи).

Така, погледнете во продолжение на видеото, како самиот диносаурус е во потрага по храна, токму на еден ваков интересен и многу снаодлив начин.






Автор: Иван Ефтимов
Користена литература:
- www.cdn.eksmo.ru
- Фејсбук страна Amazing Dinoworld

Контакт: naucibiologija@gmail.com
Забрането е копирање на мaтeријал без дозвола од авторот

Comments

Popular posts from this blog

Мутации

Градба на клетката