Откриени два вида на животни именувани по српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ

Duvalius djokovici е име на новооткриен вид на инсект откриен во 2022 година во Србија. Тим од научници кои го открија овој вид во пештера во близина на градот Љубовија во западниот дел на Србија, близу до границата со Босна и Херцеговина, беа инспирирани од неговата „брзина и издржливост“, можеби еднаква на онаа на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Инсектот е „специјализирана, слепа, пештерска буба која спаѓа во редот на Coleoptera, фамилија Carabidae“, вели Никола Вешовиќ, професор на Биолошкиот факултет при Универзитетот во Белград. Таа е „многу мала, целосно слепа и депигментирана, со многу долги нозе и антени. Тој е предатор во својата пештерска средина, како што Новак е еден вид предатор на тениските терени“, додава Вешовиќ.

Во 2021 година, по него беше именуван и слатководниот полжав Travunijana djokovici. Словачкиот биоспелеолог Јозеф Грего и црногорскиот зоолог Владимир Пешиќ од Универзитетот во Подгорица, Црна Гора открија нов слатководен полжав во карстен извор во близина на Подгорица, главниот град на Црна Гора. „За да откриете некои од најретките животни во светот кои ги населуваат уникатните подземни живеалишта на Динарскиот карст, да стигнете до недостапни пештерски и изворски живеалишта и за немирна работа при обработката на собраниот материјал, потребна ви е енергијата и ентузијазмот на Новак“, објаснуваат истражувачите.

Travunijana djokovici има млечно-бела черупка во форма на издолжен конус и е прилагодена за живот во подземните живеалишта на динарскиот карст. Тој е дел од фамилијата Hidrobiidae, многу разновидна фамилија на мали полжави. Ова е првиот член од родот Travuniana откриен досега во сливот на Скадарското езеро и единствениот пронајден надвор од сливот на реката Требишњица во Босна и Херцеговина, што укажува на мистериозната распостранетост на овие полжави во динарските подземни предели. Поради малата популација на видот е оценет како ранлив, според Црвената листа на загрозени видови на IUCN.

Подземните екосистеми, нагласуваат авторите, се крајно ранливи на промените на животната средина водени од човекот и бидејќи се нејасни, често се занемаруваат при напорите за зачувување токму на ваквите видови.

 


Автор: Иван Ефтимов
Користена литература:
- www.eurekalert.org
- www.en-vols.com
- www.theguardian.com

Контакт: naucibiologija@gmail.com
Забрането е копирање на мaтeријал без дозвола од авторот

Comments

Popular posts from this blog

Синџир на исхрана

Мутации

Градба на клетката