Во Кина се отвори најголемата фабрика во светот за производство на метанолно гориво од јаглероден диоксид

 


Првата комерцијална фабрика за метанолно гориво од СО2 во светот започна со производство во градот Ањанг, во провинцијата Хенан во Кина, со капацитет да апсорбира околу 500.000 тони CO2 на годишно ниво. Метанолното гориво е во течна фаза се користи за производство на пластика и како гориво. Обично се прави од јаглен или природен гас, но со оваа постапка ќе ги намали емисиите на стакленички гасови. „Проценуваме дека ваквиот иновативен процес би апсорбирал од 500.000 тони CO2 кое е еквивалентно на годишно ниво во Кина“, вели Омар Фрејр координатор на проектот. Најсовремениот објект е прв од ваков вид во светот кој произведува метанолно гориво и хемиска суровина токму од стакленичките гасови.

Процесот на производство се заснова на технологијата за емисија на течност (ETL) развиена од Carbon Recycling International (CRI). Во моментот фабриката може да апсорбира 160.000 тони емисии на јаглерод диоксид годишно, што е еквивалентно на отстранување на повеќе од 60.000 автомобили од возниот парк. Заробениот јаглерод диоксид потоа реагира со регенериран водород во ETL реакторскиот систем на CRI со капацитет за производство на 110.000 тони метанолно гориво годишно.

Оваа фабрика претставува постигнување на важна пресвртница во тековниот развој на технологијата за апсорбирање и искористување на СО2, како и напредокот на индустријата кон намалувањето на стакленичките гасови во атмосферата.

Во основата на процесот постои CRI реактор кој користи специјализирани катализатори за претворање на гасовите како јаглеродот и водородот во метанол. Реакторот е поставен во наменска челична рамка и е поврзан со специјализиран гасен компресор и колона за дестилација. Процесот на ETL користи емисии кои инаку би се ослободиле во атмосферата, произведувајќи течен метанол од јаглероден диоксид добиен од постојните емисии. Производството и употребата на метанол рапидно се зголеми во Кина во последниве години и овој нов производствен метод нуди алтернатива на традиционално добиениот метанол базиран на употребата на јаглен кој моментално се произведува во Кина, намалувајќи ги емисиите на стакленичките гасови.

Бјорк Кристјансдотир, извршен директор на CRI, ја нагласува важноста на фабриката: „Горди сме што успешно го имплементиравме овој важен проект и што ја претставивме нашата еколошка ETL технологија на глобалниот пазар. Ние сме многу задоволни што можеме да го понудиме нашето докажано техничко решение за производство на вреден производ. Ова може да поддржи големи намалувања на CO2.

Кина која е една од водечките земји во глобалната економија и се потребни многу вакви иновативни решенија кои ќе придонесат за почиста животна средина.



Автор: Иван Ефтимов
Користена литература:
- www.newscientist.com
- www.carbonrecycling.is

Контакт: naucibiologija@gmail.com
Забрането е копирање на мaтeријал без дозвола од авторот


Comments

Popular posts from this blog

Синџир на исхрана

Мутации

Градба на клетката