Што можат да ни кажат научниците за најголемите животни како ајкули, крокодили и пајаци


Аудио статија

Sarcosuchus imperator, наречен и како СуперКрок, беше животно од ерата на креда, кое тежело околу 8 тона и долго 12 метри. Најголемите животни од овој вид можат да ни кажат многу за биологијата. Без разлика дали се работи за стравопочит, страв или едноставно фасцинација, луѓето сакаат нешта кои се големи.

Затоа, не е изненадување што Големата бела ајкула (лат. Carcharodon carcharias) долга 20 метри е најголемата видена досега. „Има ли некаква вредност само да се раскаже приказната за голема ајкула? Не“, вели Крис Фишер, основач на Ocearch, организација за собирање на податоци која ги означила и следи некои од најголемите Големите бели ајкули на Земјата. Сепак, Фишер вели дека ако такво животно е безбедно заробено, земено примероци, означено и пуштено, тогаш тоа може да биде корисно за науката. Следењето на пример, може да открие „каде се парат, и каде се породуваат“, вели Фишер. А за загрозениот вид како Големата бела ајкула, ова се клучни податоци за да се открие како најдобро да се заштитат и да се зголеми нејзиниот број, вели тој.

ПРОЗОРЕЦ ВО МИНАТОТО

Постои уште една добра причина да се документираат најголемите од големите: тие можат да ни кажат за минатото. „Навистина големите животни се полни со корисни податоци“, вели Стефани Драмхелер- Хортон, која ги проучува древните крокодилски на Универзитетот во Тенеси. На пример, кога се обидуваме да дознаеме што јадел 12 метарскиот СуперКрок во периодот на креда, корисно е да се проучува исхраната на најголемите крокодили на денешницата. Лолонг, кој почина во заробеништво на Филипините во 2013 година, веројатно јадеше риби, птици, цицачи, па дури и добиток во дивината.

„Можеме да правиме предвидувања врз основа на живи форми, а тоа вклучува и гледање на некои од најголемите“, вели Драмхелер-Хортон. Во исто време, денешните мерења можат да се искористат за да се покаже како живите видови се промениле како одговор на ловот, риболовот и другите човечки влијанија. „Ако го погледнете историскиот запис за некои од овие животни, ќе видите дека тие некогаш биле значително поголеми од она што го гледаме во нашите океани сега“, вели Андреа Маршал, истражувач National Geographic Society и ко-основач на Фондацијата Marine Megafauna, чие седиште е во Калифорнија, но има и истражувачки центар во Мозамбик.

Тоа значи дека „ги фативме сите најголеми, најстари, најзрели поединци таму“, вели Маршал. А тоа значи дека конзерваторите имаат сериозна работа да ги вратат видовите во нивната првобитна состојба.

КОГА Е ЛОШО ДА СЕ БИДЕ ГОЛЕМ

Животните кои преживуваат до огромни големини се производ на комбинација на фактори, вклучувајќи добра генетика и здрави екосистеми. Но и тој успех може да им стави мета на грбот. Земете ја алигаторот гар (лат. Atractosteus spatula), слатководна риба со праисториски изглед, пронајдена во јужниот дел на САД, која може да порасне повеќе од осум метри долга и тежи повеќе од 300 килограми. „Кога ќе стигнат до одредена големина, има многу малку предатори кои можат да ги изедат“, вели Соломон Дејвид, воден екологист на Државниот универзитет Николс во Луизијана, САД.

Дејвид вели дека сега се убиваат премногу импресивни риби како трофеи, а тоа има негативни последици за видот, кој се смета за редок и загрозен во некои делови од неговиот опсег. Научниците веќе покажаа дека ловот може да доведе до помали популации, додека ловокрадството може да доведе до тоа слоновите да се родат целосно без заби. „Ги таргетираме најголемите и најлошите од одредена популација“, вели Дејвид. „Значи, ние всушност ги отстрануваме тие гени“ кои ги прават толку големи.

Засенчени видови

Има уште една лоша страна на фасцинацијата со најголемите животни: може да го одвлече вниманието од животните кои не се извонредни, велат некои експерти. Постојат околу 500 видови ајкули, вклучувајќи ги и помалку познатитеи помалите - Еполетовата акула (лат. Hemiscyllium ocellatum), Морските ангели (лат. Squatina) и Ајкулата-ѓавол (лат. Mitsukurina owstoni), вели Мелиса Кристина Маркез, морски биолог и основач на Fins United Initiative.

Посебно внимание треба да се посвети на Морските ангели, бидејќи овие жители на дното исчезнаа од повеќе од 80 проценти од нивниот опсег во текот на минатиот век и сега се сметаат за второ најзагрозено семејство меѓу ајкулите и раите. „Само фокусирањето на овие големи, „харизматични“ ајкули на некој начин ги засенува сите други видови“, вели Маркез.

Во исто време, суперлативот како „најголем“ може да се искористи за да предизвика интерес за животните на кои обично им се посветува многу помалку внимание, вели Стефано Мамола, еколог од Националниот совет за истражување на Италија. Во 2017 година, Мамола објави студија во која беа прикажани речиси сто пајаци кои соборуваат рекорди.

Тие го вклучуваат голијат (лат. Theraphosa blondi) од Јужна Америка, најтешкиот пајак, тежи приближно околу 170 грама, и џиновскиот лаоски пајак (лат. Heteropoda maxima) од пештерите во Лаос, кој има најголем распон на нозете широк околу една човечка нога. „Ако можете да ги заинтересирате луѓето за одличните карактеристики, кои се малку екстремни, тогаш се надеваме дека пајаците ќе бидат попривлечни“, вели Мамола. „И ова може да се претвори во подобра јавна свест за овие запоставени животни.

 


Автор: Иван Ефтимов
Користена литература:
- www.
nationalgeographic.com/

Контакт: naucibiologija@gmail.com
Забрането е копирање на мaтeријал без дозвола од авторот

Comments

Post a Comment

Popular posts from this blog

Синџир на исхрана

Мутации

Градба на клетката