Генетски модифицирани бактерии го претвораат јаглеродниот диоксид во органски соединанија
Аудио статија
Генетските модифицирани бактерии го претвораат јаглеродниот диоксид во органски соединанија. Познато е дека бактериите учествуваат при процесот на ферментација на лактозата при преработка на алкохолни појалоци. Сега научниците од Северозападниот универзитет во Еванстон, САД и компанијата “LanzaTech” (“ЛанзаТек”) во Илионис, САД користеле бактерии за разградување на јаглеродниот диоксид (CO2) за да направат индустриски органски соединанија. Во новата пилот студија, научниците избраа, модифицираа и оптимизираа бактериски сој, а потоа успешно ја покажаа неговата способност да го претвора CO2 во ацетон (C3H6O) и изопропанол (C3H8O).
Не само што овој нов
процес на ферментација на гас ги отстранува стакленичките гасови од
атмосферата, туку исто така ја избегнува употребата на фосилни горива, кои
вообичаено се потребни за производство на ацетон и изопропанол. По
спроведувањето на анализа на животниот циклус, тимот од научници откри дека
ваквиот процес може да ги намали емисиите на стакленички гасови за 160% во
споредба со конвенционалните процеси. Студијата беше објавена на 21.02.2022
год. во списанието Nature Biotechnology.
„Забрзаната климатска
криза, во комбинација со брзиот раст на населението, е еден од најитните
предизвици со кои се соочува човештвото и сите се поврзани со несмалено
ослободување и акумулација на CO2 низ биосферата. Со
искористување на нашата способност за партнерство со природата за да го
направиме она што е потребно, каде и кога е потребно, на одржлива и обновлива
основа, можеме да почнеме да ги користиме предностите на достапниот CO2 за
да ја трансформираме биоекономијата“, изјави Проф. Мајкл Џевет од Северозападниот универзитет. Џевет е професор
по хемиски и биолошки инженеринг на Факултетот за инженерство во Северозападен
МекКормик и директор на Центарот за синтетичка биологија. Тој и Мајкл Копке и
Чинг Леанг, двајцата научници во LanzaTech ја
воделе оваа студија.
Основните индустриски
и платформски органски соединанија, ацетонот и изопропанолот се наоѓаат речиси
насекаде. Широко користен како средство за дезинфекција и антисептик,
изопропанол е основа за една од двете формули за дезинфекција препорачана од
Светската здравствена организација, кои се многу ефикасни во убивањето на
корона вирусот SARS-CoV-2. А,
ацетонот се користи како растворувач за пластика и синтетички влакна, смола за
разредување на полиестер, алатки за чистење и отстранувач на лак за нокти.
Иако овие соединенија
се неверојатно корисни, тие се произведуваат од фосилни ресурси, што доведува
до емисиите на CO2 да ја загреваат климата. За да ги направат
овие соединенија поодржливи, научниците развија нов процес на ферментација на
гас. Тие започнаа со Clostridium autoethanogenum, анаеробна
бактерија направена во LanzaTech. Научниците потоа ја трансформирале
бактеријата да ферментира CO2 за да произведе ацетон и
изопропанол.
Научниците веруваат
дека ваквиот процес ќе биде ставен и во индустриски размер. Пристапот може
потенцијално да се примени и за создавање модернизирани процеси за генерирање
на други соединенија. „Ова откритие е голем чекор напред во избегнувањето на
климатска катастрофа. Денес, повеќето од нашите хемикалии доаѓаат исклучиво од
новите фосилни ресурси како нафта, природен гас или јаглен. Развиените процеси
за производство на ацетон и изопропанол ќе го забрзаат развојот на други нови
производи со затворање на циклусот на CO2 до нивната употреба
во повеќе индустрии“, изјави Проф. Џенифер Холмгрен, извршен директор на
LanzaTech.
Автор: Иван Ефтимов
Користена литература:
- www.labmanager.com
- www.scitechdaily.com
Контакт: naucibiologija@gmail.com
Забрането е копирање на мaтeријал без дозвола од авторот
Comments
Post a Comment