Голосемени растенија
Голосемените растенија
претставуваат група на семени растенија каде што семеновиот зачеток односно
семката е гола и незаштитена со плод. На сликата е прикажано
од кои делови е изградена самата шишарка и тоа- семена и две плодни лушпи, а во
секоја од плодните лушпи се сместени семките со крилести израстоци, за полесно
расејување со ветер.
ЛИСТ
Листовите
кај голосемените растенија морфолошки се разликува од скриеносемените
растенија. И тие се игличести, поради кое го добиле и самото име. Тие се
изградени од игличка, катафил (кој доаѓа од грч. збор “ката” што значи “долу” и филон што значи “лист”), исто така се среќава и профил во
основата на игличката. Поради ваквата градба тие се добро проспособени кон
жешките лета и студените зими.
Голосемените
растенија се големи дрвја, поретко грмушки. Ги има насекаде во светот, но во
студените предели како што се тундрите
создаваат зелени шуми на смреки, борови и ели. На сликата се прикажани висината
на одредени видови. Така чемпресот кој е најзастапен кај нас достигнува
височина до 21 метар, како и сивата смрча, белиот бор 40 метри, европскиот ариш
43 метри, чедарот до 60 метри, дуглазија 76 метри, џиновската секвоја 90 метри
и крајбрежната секвоја достигнува височина и до 112 метри.
Молика или уште познат и како македонски бор е широко распостранет на Балканот. Не претставува ендемичен
вид, бидејќи се среќава и во Србија, Албанија и Црна Гора. Откриена е од страна
на Август Гризебах, во 1839 год. кај нас моликата е
застапена во националниот парк "Пелистер".
Тисата
претставува карактеристично иглочесто растение на кое и паѓаат листовите.
Во
групата на голосемени растенија спаѓаат следните видови- чемпрес, чедар, тиса,
чуга, смрча, дуглазија, ела, бел бор, црн бор, кадер, европски и јапонски ариш.
Автор: Иван Ефтимов
Користена литература:
- Танева И., Учебник по биологија за шесто одделение за осумгодишното основно образование/ седмо одделение за деветогодишно основно образование
- Сековски Ж., Интерна скрипта по анатомија и морфологија на растенијата, ПМФ, 2014 год.
Контакт: naucibiologija@gmail.com
Забрането е копирање на мaтeријал без дозвола од авторот
Comments
Post a Comment