Скриеносемени растенија
Скриеносемени рaстенија
претставуваат група на семени растенија каде што семеновиот зачеток односно семката е
заштитена и сокриена во плодот. Како што можеме да
забележиме на самите слики семката е заштитена од месестиот дел на плодот.
Според анатомските и
морфолошките карактеристики, скриеносемените растенија се поделени во две
големи класи и тоа :
ДИКОТИЛЕДОНИ И МОНОКОТИЛЕДОНИ РАСТЕНИЈА.
Во класата на
дикотиледони растенија спаѓаат најголем дел од растенијата кои постојат на
планетава. Овде спаѓаат- јаболка, слива, домат, некои претставници од
фамилијата на рози, зелка, фамилија на буки- како бука, даб, костен. Овде спаѓаат и круша, праска, вишна, цреша,
кајсија, јагода, маслодајната репка, карфиолот и уште многу други растителни
водови.
Во класата на
монокотиледони растенија спаѓаат житните
растенија како- жито, пченија, јачмен, ориз, овес, ‘рж, потоа пченката, лукот,
кромидот, банатата, некои претставници од фамилијата на рози, многу видови на
палми, и уште многу други растителни видови.
КОРЕН
Двете класи на семени
растенија се разликуваат морфолошки според градбата на коренот. Како што можеме
да видеме кај дикотиледоните растенија имаме осков коренов систем, кој е
изграден од главен корен и странични коренчиња, а кај монокотиледоните
растенија имаме жилест коренов систем изграден само од главни коренчиња.
ЛИСТ
Исто така имаме разлика и во градбата на листовите. Кај докотиледоните растенија тој е со мрежеста нерватура изграден од главен нерв, странични нерви и лисна дршка. Додека пак кај монокотиледоните имаме паралелна или упте се нарекува и линеарна нерватура без лисна дршка.

ПЛОДОВИ
Исто така имеме разлика и кај плодовите. Кај дикотиледоните растенија тие се крупни и сочни, додека пак кај монокотиледоните тие се суви.
Исто така имеме разлика и кај плодовите. Кај дикотиледоните растенија тие се крупни и сочни, додека пак кај монокотиледоните тие се суви.
СЕМЕ
Разлика постои и кај самите котиледони поради кои и го добиле и самото име. Кај дикотиледоните растенија имаме два котиледода кој може лесно да се виде семеновиот зачеток, додека пак кај монокотиледоните имаме само еден котиледон кој неможе лесно да се виде семеновиот зачеток.

Автор: Иван Ефтимов
Користена литература:
- Танева И., Учебник по биологија за шесто одделение за осумгодишното основно образование/ седмо одделение за деветогодишно основно образование
- Сековски Ж., Интерна скрипта по анатомија и морфологија на растенијата, ПМФ, 2014 год.
Контакт: naucibiologija@gmail.com
Забрането е копирање на мaтeријал без дозвола од авторот
Comments
Post a Comment