Најголемата слатководна риба во светот
Арапаима
(лат. Arapaima), е
вид од родот Arapaima, од семејството
Arapaimidae. кој се среќава исклучливо во басените на
реките Амазон и Есекуибо во Јужна Америка. Тие се меѓу најголемите слатководни
риби во светот, достигнувајќи должина дури и до 3 м. Тие се намалуваат како
резултат на прекумерниот риболов и уништување на живеалиштата. Наспроти тоа,
арапаимите се воведени во неколку тропски региони надвор од родната област, каде што понекогаш се сметаат за инвазивни
видови.
ТАКСОНОМИЈА
Арапаима
традиционално се сметаше со еден род и со само еден карактеристичен вид. Но,
подоцнежните таксономски истраживања, потврдија дека во овој род спаѓаат
неколку водови. Редовно видени и проучувани видови се Arapaima аrapaima, иако мал број на Arapaima leptosoma исто така се
регистрирани во трговијата со аквариумски риби. Останатите видови се практично
непознати: A. agassizii и A. mapae.
МОРФОЛОГИЈА
Арапаима
може да достигне должина од 2 m и во
некои исклучителни случаи дури и повеќе од 2,5-3 m и со тежина и над 100 kg.
Максималната регистрирана арапаима била со тежина од 200 kg, додека пак најдолгата со 4,52 m. Како резултат на
преголем риболов, арапаимите со должина од 2 m ретко се наоѓаат во дивината. Арапаима има фундаментална зависност од кислород за дишење. Покрај жабри, има
модифицирано и зголемен рибен меур, составено од ткиво слично на белите дробови
ЕКОЛОГИЈА
Исхраната
на арапаима се состои од мали риби, ракови и мали копнени животни кои шетаат
крај самиот брег. Оваа риба е во состојба да преживее при ниски концентрации на
парцијален кислород на 0,5 ррm.
Во мочуриштата на Арагуаја тој преставува најважен предатор кога нивото на
водата е видливо намалена во сезоните на нивна репродукција.
РЕПРОДУКЦИЈА
Поради географската местоположба, животниот
циклус на арапаима во голема мерка зависи
од сезонското
поплавување во периодот од мај до
август. Арапаима ги положува своите
јајца во текот на месеците кога нивото на водата е ниско или почнува да расте.
Тие градат гнездо околу 50 см широко и 15 см длабоко, обично во области со калливо дно. Како што водата се крева, јајцата одат кон погорните слоеви на водата кој на тој
начин самите ларви созреваат. Мажјаците
ги заштитуваат јајцата на тој начин што ги чуваат во својата уста се додека
истите не созреат. Женките пак ги заштитуваат своите млади што ќе ги заобиколи
и ќе ги избегне потенцијалниот предатор.
Овие
риби се широко распространети во реката Амазон и истите не мигрираат, поради
што научниците претпоставуваат дека повеќе видови се уште чекаат да бидат
откриени меѓу длабочините во басенот на Амазон.
Во
продолжение погледнете го видеото.
Автор:
Иван Ефтимов
Користена
литература:
- www.wikipedia.org
Контакт: naucibiologija@gmail.com
Забрането е копирање на мaтeријал без дозвола од авторот
Забрането е копирање на мaтeријал без дозвола од авторот
Comments
Post a Comment