Зошто постои канибализам помеѓу ембрионите на ајкулите?



Ембрионите на ајкулата се канибализираат помеѓу себе во утробата, при што најголемиот ембрион ги јаде сите, освен еден од неговите браќа и сестри. Сега, истражувачите знаат зошто: Тоа е дел од борбата за татковство во матката, каде што бебињата од различни татковци се натпреваруваат кој да се родат. Истражувачите, кои детално ги констатираат нивните наоди во април 2019 год. во списанието Biology Letters, кои ги анализираа ембрионите од ајкулата тигар (лат. Carcharias taurus).
Ова истражување сугерира дека канибализмот што се гледа во овие ембриони е конкурентна стратегија со која мажјаците се обидуваат да го обезбедат своето татковство. "Кај некои видови, борбата за татковство продолжува по оплодувањето", вели ко-авторот на студијата Демиан Чепман, морски биолог на Универзитетот “Стони Брук” во Њујорк, САД.
МИНИ- КАНИБАЛИСТИ 
Мајките обично раѓаат две бебиња ајкули, долги околу 3,3 метри. Од 1980-тите, кога деталните аутопсии на самите ајкули откриле ембриони во стомаците на други ембриони, истражувачите знаеле дека фетусите канибализирале едни со други во матката околу 5 месеци во нивната скоро една годишна бременост.  Оваа стратегија им овозможува на ајкулите да имаат многу поголеми бебиња при раѓање од другите видови на ајкули, со што се релативно безбедни од другите предатори, вели Чапман. Но, научниците не знаат зошто ајкулите се канибализираат едни со други. 

Една од  можноста е дека женките се парат со повеќе партнери и дека канибализацијата им помога само на гените на еден од мажјаците да останат доминантни. За да дознаат, Чапман и неговите колеги проучувале генетски примероци од 15 бремени ајкули кои починале покрај брегот на Јужна Африка. (Причина за смртта биле мрежите, кои биле ставени за да ги заштитат пливачите од смртоносните каснувања од големите бели ајкули, но на мрежите повремено се залетувала и ајкулата тигар). 

ТАТКОВСКА БОРАБА 
Од тие 15 женски ајкули, 10 од ајкулите носеле само 2 ембриони, додека останатите 5 биле во првите фаза од бременост (гаструла) и имале 5 до 7 ембриони во матката. Тимот потоа користел анализа на ДНК за да го утврди татковство. "Тоа е токму ист вид ДНК тестирање што може да го видите на Маури Пович за да дознаете колку татковци има", изјави Чапман за LiveScience.
Оние 5 до 7 ембриони потекнувале најмалку од двајца татковци (можеби веќе исчезнале ембрионите од другите татковци), додека пак само две ајкули имале само еден татко. Тоа сугерира еден ембрион кој е најголем - имал тенденција да ги проголта ембрионите од другите татковци над своите браќа и сестри. "Во основа, останатите татковци на крајот обезбедиле храна за соперничкиот маж", изјави Чапман.

СЕКСУАЛНА СЕЛЕКЦИЈА 
“Сè уште е мистерија, токму она што го прави еден татко успешен над другот”, вели Џејмс Џ. Гелслејтер, морски биолог на Универзитетот во Северна Флорида,САД кој не бил вклучен во студијата. "Сексуалната селекција е многу слична на еволутивната трка за вооружување, а мажите и жените се во основа едноподруго", изјави Гелслејтер за LiveScience. 
“Стратегијата исто така може да им помогне на женките да изберат добри партнери. Парењето на ајкулата преставува насилен чин, па затоа интраутериниот канибализам може да им овозможи на женките да избегнат да се спротивставуваат”, вели Гелслејтер.





Автор: Иван Ефтимов
Користена литература:
www.livescience.com 
- www.xray-mag.com

Контакт: naucibiologija@gmail.com   
Забрането е копирање на мaтeријал без дозвола од авторот

Comments

Popular posts from this blog

Синџир на исхрана

Мутации

Градба на клетката