Кокаин и забранет пестицид пронајдени кај слатководни ракчиња во Англија


Човечките фактори негативно влијаат на животната средина на глобално ниво, загадени водотеци, морињата и океани, воздух и почва. Истражувачите сè уште наоѓаат повеќе и повеќе неприродни супстанции во природата. Британските научници открија дека сите слатководни води во Англија ја содржат популарната хемиска супстанца - кокаин. Истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон, во соработка со Универзитетот во Сафолк, тестираа неколку избрани водотеци и земаа примероци од неколку области во Англија, поточно од 15 области во округот Сафолк, вклучувајќи ги и 5- те реки- Бох, Алде, Гипинг, Дебен и Вавенај. 


Нелегални дроги
Сите тестирани речни ракчиња содржеле одредено количество на кокаин, а голем дел од нив содржеле и други хемиски супстанции - имено, MDMA или кетамин, кој вообичаено се користи како анестетик за коњите, но во последниве години добива популарност кај адолесцентите поради неговите халуциногени ефекти. Застапеноста на овие забранети лекови се очекуваше да биде значително повисока во урбаните области отколку во руралните средини. Затоа, присуството на кокаин во водите на руралниот предел во Сафолк беше најголемото изненадување за научниците.

Забранет пестицид
Покрај илегалните лекови, има 55 траги од останати лекови (како Лидокаин, Диазепам и Трамадол) и 12 видови на пестициди. Истражувањата беа изненадени од откривањето на Фенурон, пестицид кој долго време беше забранет во Велика Британија. Нејзиниот извор останува мистерија.

Сé уште не е можно да се каже дали ова е само локално прашање за регионот на Сафолк. Затоа научниците додадоа дека ваквото истражување треба да ја опфати цела Велика Британија, па дури и останатите држави треба да се вклучат во ваквото истражување. Научниците веруваат дека влијанието на овие супстанции врз речните ракчиња нема да биде огромно. Според научниците, нивоата на кокаин и други супстанции се премногу ниски за да предизвикаат промени во животинскиот организам или во однесувањето на самите животни. Сепак, присуството на овие недозволени хемиски супстанци во овие области богати со див свет беше навистина изненадувачки за д-р Леон Барен.

Не е ни чудо што светот се опоравува под притисокот на микропластичното загадување и климатските промени. Оваа невидлива хемикалија на дрога е нов додаток кој потенцијално може да го уништи биодиверзитетот на земјата. Уште една мистерија останува неоткриена, во врска со присуството на забранетите пестициди во речните ракчињата.







Автор: Иван Ефтимов
Користена литература:
www.leakshare.org
www.kcl.ac.uk
- www.truththeory.com

Контакт: naucibiologija@gmail.com
Забрането е копирање на мaтeријал без дозвола од авторот

Comments

Popular posts from this blog

Синџир на исхрана

Мутации

Градба на клетката