Шар Планина- Незаштитен природен предел


Дали по 30 год. Шар Планина конечно ќе биде прогласена за Национален парк? Заштитеното подрачје треба да значи спречување на безумното уништување на природата, сечата и ловот на диви животни. Се вели дека Шар Планина го добила своето име токму заради снежните петна на пролет и лето. Живописниот пејсаж се отсликува во малите езерца, па затоа овде се развиле ретки и ендемични видови на животни. 
Неколку невладини организации од Република Северна Македонија здружени како Пријателите на Шара веќе пет години ја предводат иницијативата за прогласување на Шар Планина за национален парк. На неа растат над 2.000 видови на растенија, од кои околу 200 се ендемски. Ова е домот на кафеавата мечка (лат. Ursus arctos), грабливи птици, влечуги, над 160 видови на пеперутки (лат. Lepidoptera), на животни кои се наоѓаат на светската црвена листа на загрозени видови. На Шар Планина, бројот на диви кози (лат. Capra aegagrus ) драматично се намалува, балканскиот рис (лат. Lynx lynx martinoi) не е забележан со години, а брадестиот (лат. Gypaetus barbatus)  и црниот мршојадец (лат. Aegypius monachus) се исчезнати. Од Пријатели на Шара сметаат дека ако се утврдат различни степени на заштитени зони, ќе се зачува автентичниот биодиверзитет и живеалиштата на дивоте животни и растенија и ќе се спречат нелегалната сеча на шумите. Од друга старана, природните ресурси ќе можат да се искористуваат контролирано и разумно. 
Според анкетата на Македонското Еколошко Друштво покажала дека дури 83 % од жителите на шесте општини што гравитираат на Шар Планина се согласуваат планината да биде заштитена. 
Проф. Рената Ќуштеревска од Институтот за биологија при ПМФ вели дека две третини од флората на целата територија на нашата држава може да сретне на Шар Планина. Бројните ендемични видови, преставуваат места каде првпат некои видови се запишани тука, а подоцна се регистрирани и н адруги места. Сето ова укажува на нејзиното значење. Со самото прогласување на национален парк ќе се изврши заштита на бројни хабитати, станишта на коишто истиве растителни и животински видови се среќаваат. 
Повеќе на оваa тема погледнете го видеото. 













Автор: Иван Ефтимов
Користена литература: 
www.samoprasaj.mk
Контакт: naucibiologija@gmail.com
Забрането е копирање на метријал без дозвола од авторот

Comments

Popular posts from this blog

Синџир на исхрана

Мутации

Градба на клетката