Пластиката ја убива бактеријата која создава 10 % од кислородот на Земјата


Сите сме виделе слики како живоотните во морската вода се заробени во пластика. Ова истражување сугерира дека загадувањет од пластика го повредува морскиот живот на суптилен начин кои би можеле да имаат сериозни последици за целиот светски екосистем.
Фотосинтетичките бактерии наречени Prochlorococcus создаваат десет проценти од кислородот што го дишеме, но според истражувањето објавено во списанието Nature Communications Biology, хемикалиите што истекуваат во водата од отпадната пластика го заостануваат растот на бактериите на генетско ниво  и потенцијално лишувајќи ја Земјата од драгоцен извор на кислород за дишење.
Според Саша Тету, биолог на универзитетот Маквориво Сиднеј, Австралија:  "Ако навистина сакаме да го разбереме целосното влијание на пластичното загадување во морската средина и да најдеме начини да го ублажиме, треба да го разгледаме нејзиното влијание врз клучните микробиолошки групи, вклучувајќи ги и фотосинтетските бактерии". Но, истоа така Лиза Мур додава дека загадувањето може да предизвика глобален пад во популациите на Prochlorococcus во следните децении и дека истите веќе се погодени кога се во близина на пластика. 





Автор: Иван Ефтимов
Користена литература: 
- www.futurism.com

Контакт: naucibiologija@gmail.com
Забрането е копирање на метријал без дозвола од авторот

Comments

Popular posts from this blog

Синџир на исхрана

Мутации

Градба на клетката