Загадување на почвата и нивните последици

Конвенционалното земјоделие со употреба на хемиски ѓубрива и  заштитни средства е едно од најголемите загадувачи  пред се' на почвата, па и на водите. Милиони хектари најплодни почви се неповратно изгубени. Губитокот на површинските хумусни слоеви на почвата во опасност го доведуваат производството на храна за нашата и иднината на  наредните генерации. Растенијата од загадените почви се неотпорни на сите видови болести, суша и мраз, а плодовите од овие растенија се без мирис, вкус и личат на синтетика. Еден од начините да се поврати квалитетот на веќе деградираните почви е исфрлање од употреба на вештачките ѓубрива и користење органски ѓубрива.


Се' до 1980 год. науката во земјоделието беше фокусирана на хемија на почвата. Научниците увидоа дека со вештачките ѓубрива се уништи хумусниот слој и почвените микроорганизми, а со самото тоа се наруши и природната рамнотежа на почвата, а со самото тоа добивме неплодни почви, растенија неотпорни на болести, суша и мраз, плодови без мирис и вкус. За да ја вратат плодноста на почвата во последните 30 години науката се враќа на биологија на почвите т.е. на органското ѓубриво во кои би го братиле хумусот во почвата, а со него и корисние микроорганизми.


Одржив развој е нова, општо прифатена концепција која се темели на раст кој нема да го надмине капацитетот на природата во целина, а тоа значи да живееме со природата, а не да земаме повеќе отколку што може земјата да даде. Има многу начини и програми како да се постигне принципот на одрживост во сите сегменти од човековите дејности. Еден од нив е производството на храна и наречен е одрживо земјоделие. Како дел од одрживото  е  органското земјоделие.

Основна предност на органското земјоделие е производство високо вредна и здравствено безбедна храна која ќе биде извор  на здравјето на луѓето и животните. Познато е дека многу  болести на современиот човек доаѓаат од неправилна исхрана и употреба на загадена и здравствено неисправна храна. Втора предност на органското производство е зачувување и заштита на животната средина така да оставаме чиста почва, вода и воздух за наредните генерации. 

Земјоделците не се' свесни дека со огромното количество на вештачќите ѓубрива не само што ја загадуваат почвата и природата, туку се уништуваат и самите себе.   

Слика - Приказ на контаминација на почвата во Светот

ПОЧВА

Почвата е медиум што служи како подлога за растење и исхрана на растенијата. Почвата има комплексна структура и содржи голем број на органски и неоргански супстанци, микроорганизми, вода, инсекти, гасови. Загадувањето на почвата ќе има директно влијание врз правилниот развој на растенијата, а со тоа и врз целиот екосистем. Почвата генерално се дефинира како горен слој на земјината површина и претставува медиум кој што во голема мера е необновлив. 


Почвата е формирана од минерални честици, органска материја, вода, воздух и живи организми. Почвата претставува посредник меѓу геосферата, атмосферата и хидросферата. Интензивниот развој на индустријата за производство на храна денес е во директна корелација со потребите од населението за здрави и квалитетни животни намирници. 


Од друга страна, бројот на населението во светски рамки интензивно се зголемува, а тоа доведува до зголемување на потребите од производство на квалитетни земјоделски култури што ќе бидат употребени во исхраната. Поради сѐ поголемото производство на земјоделски култури, доаѓа до интензивно исцрпување на хранливите материи од почвите. Овој феномен придонесува за промена во физиолошките особини на растенијата што се одгледуваат на почвите осиромашени со хранливи материи. 

Слика - Приказ на користење на органски материи од растението


Загадување на почвите

Загадувањето на почвите се предизвикува преку разни хемикалии што се присутни во поглеми концентрации од рамнотежните концентрации на тие хемикалии во почвите.

-       Пестициди

-       Хербициди

-       Вештачки ѓубрива


Тоа ќе влијае врз квалитетот на почвите

Квалитетот на самата почва се намалува, како резултат на натрупување на тешките метали кои растенијата понатамму неможат да гиркористат во свите бииохемиски реакции. Во тешки метали спаѓаат:

-       Сулфур

-       Арсен

-       Никел

-       Кобалт

-       Железо

Загадувањето ќе влијае врз функциите на почвите и врз исхраната на растенијата, а со тоа и врз целиот екосистем. Зголеметото натрупување на одредени метали или па хемиски соединенија ги стопираат или инхибираат биохениските процеси кај растенијето. 


Загадувањето на почвите може да настане од разни причини 

Најчесто загадувањето е причинето од разни инциденти со токсични материи или со нафта, или со исфрлање на отпад од рудници или метална индустрија.

Земјоделието и хемикалиите што - Локално загадување на почвата е вообичаено поврзано со рударството, индустриските капацитети, депониите.


Дифузно загадување на почвите 

Е поврзано со атмосферски депозиции (емисии од индустријата, сообраќајот и земјоделието), одредени практики на земјоделие (неадекватно користење на фертилизери и пестициди) и неадекватно рециклирање и третман на отпадот и отпадните води. 

Запечатување на почвата, во чиј опсег спаѓа и пренамена на користење, е вид на деградација која опфаќа покривање на почвата со инфраструктура од видот на изградба на стамбени објекти, патишта, вештачки акумулации итн се нанесуваат врз земјоделските површини се најголеми загадувачи на почвите.

Тука спаѓаат вештачките ѓубрива, пестицидите, хербицидите.


Денес вештачките ѓубрива, пестицидите и хербицидите насекаде се користат во агрокултурата. Во почетокот на 20 век доаѓа до интезнивно и масовно произвоство на овие вешштачки ѓубрива со цел да се добие поквалитетни приноси во земјоделието. Со масовното ккористење на овие хемиски агенси се подобрува бохемискиот состав на растението, се заштитуваат од штетници. 


Во денешно време во западно  развиените земји неможе да се прави разлика од онаа кое е добиено од хемиски пат или пак онаа од органско произвоство. За голема среќа земјоделските пазари во Република Македонија сеуште се на задоволително ниво за квалитето на храната која била третирана со хемиски агенси. Зголеменото користење на агрохемиските техники се загадува почвата, а дел од хемиските компоненти се складираат и во саммиот плод на растението. 

Слика – Приказ на контаминирана (загадена) почва од хемиски

агенси

Фабриките се едни од најголемите загадувачи на почвата. Хемителиите тие директно ја испуштатт во почвата или па во реките, кои по пат на понирање тиксините навлегуваат во земјата. Денес почвите кои се наоѓаат во близина на фабриките не се погодни или пак воопшто не се користат за агрономијата. Радиусот на контаминираната почва е од радиус 1- 2 км околу фабриката. Фабриките, рудниците, рафинериите се ониј кои ја загадуваат почвата. 

Во светот огромни површини на почва се целосно уництенни или пак се уництуваат. Земјите во развој како што се Америка, Кина, Франција, Индија, Германија, се трудат да го намалат контаминацијата на ппочвата, со што се ставаат прочистителни филтри на фабриките. 


Последици на почвата

Земјишните ресурси ги вклучуваат минералите, фосилните горива, плодната почва, шумите и шивотните. Со зголемувањето на бројот на жители доаѓа до зголемена побарувачка на храна. Почвата како едедн од главните услови кои растенијата ја користат. Со се поголемото користење на хемиски препарати (фугициди, инсектициди, вештачки ѓубрива) кои дел умаат позитивно влијание врз патогените микрооорганизми кои ги нааѓаат растенијата, но има и такви кои се отпорни на истите, па со зголемување на самата количина не доаѓа до уништување на истите. 


Хемиските препарати се наоѓаат после фабриките кои ја загадуваат почвата. Земмјделците несвесно или свсно во почвата внесуваат огромни количества на хемиски агенси. Колку и да оди агротехниката напред дел од неразвиените земји користат хемикарии во огромни количини, кој во развиените земји се далеку намаени или сосема непрофитабилни.

Како што погоре е споммнато, фабриките , рудниците и рафенериите се оние кои најмногу допринесуваат за загадување на самата почва, со неможност да се реветаризира (обнови). 


Контаминација на почвата од цврст отпад од рудниците, металуршките и други индустриски капацитети

Еден од начините на експлатација на јагленот, на бакарната и никелната руда се отворените копови. Најголеми оштетувања се јавуваат при експлоатација на јагленот за потребите на енергетиката, бидејќи тој се јавува во нашите котлини под плодни почви и под длабоки слоеви на растресити седименти. Цврстиот отпад од рудниците во кои се вади Fe, Zn, Pb, Cr, Ni, Cu, итн содржи тешки метали и е преработен со флотација.


Металуршкиот отпад во Република Македонија се создава во топилниците при производство на железо, челик и легури, на олово и цинк, на фероникел, ферохром, феросилициум и силициум-метал. Овој отпад со својата маса покрива определена површина од продуктивното земјиште намалувајќи го земјишниот фонд. Големото количество на тешките метали е резултат на примената на технологијата со која некомплетно се искористува рудата.


Цврстиот отпад од индустријата има слично дејство врз водите и почвата  како и отпадот од металургијата. Тој со својата маса покрива мали површини на продуктивно земјиште, но затоа врши силна контаминација. Тој контаминира не само со тешки метали, туку и со други супстанции пример органски.


Покривање на почвата со цврст комунален отпад             

Комуналниот отпад има мошне хетероген состав и е последица на човековата активност. Се депонира на одредени депонии, но и на така наречени диви депонии во рурални средини и насекаде низ Републиката.


Контаминација на почвите во земјоделството и шумарството

Што се однесува до употребата на ѓубривата во земјоделството, треба да се нагласи дека за да ѓубривото врши деградација на почвата, тоа  треба да биде користено во претерано големи количества и што е многу важно, неговите составни растворливи делови да ја зголемат концентрацијата на почвениот раствор. Нитратите се главни контаминанти меѓу минералните ѓубрива.


Пестицидите се минерални, органоминерални и органски хемиски соединенија кои се применуваат во земјоделството за уништување на штетни организми (плевели, инсекти, габи, бактерии и др.) Главни недостатоци на пестицидите се продолжителна перзистентност на некои во компонентите на биосферата, можат да уништат или оштетат и корисни организми, да мигрираат надвор од агроекосистемот. Особено се опасни тие кои не се разградуваат и се акумулираат во почвата.


Во Македонија се изградени 106 мелиоративни ситеми и околу 20 поголеми акумулации. Изградена е мрежа за наводнување од 140.000 ha, оптимално може да се наводнуваат 126.000 ha, но реално се наводнуваат разни површини во големина од 80.000 ha. Најголем дел од површините кои се наводнуваат со води од вештачки акумулации се наоѓаат во горните текови на реките над изворите на загадување со исклучок на акумулацијата Тиквеш и Калиманци. Најзагадени (особено со тешки метали) се водите кои се искористени во рудниците (Злетово, Саса, Тораница) во флотационите процеси. Почвите наводнувани со речни води збогатени со тие ефлуенти се загадуваат со тешки метали, особено со олово и цинк.


ЗАКЛУЧОК

Можеби денес најчеста тема се климатските промени и нивното влијание на нашиот живот, но всушност најголемиот ризик по здравјето на луѓето не доаѓа од глобалното затоплување, туку најголемиот проблем се крие во индустриското загадување. Освен што не е лесен, животот во сиромашните градови, каде фабриките и електраните немаат ограничување за отпадот, е отежнат и поради загадувањето. Таков е примерот со жителите на Кабве кој концентрацијата на олово во крвта е 60 отсто поголема од онаа што се смета за фатална бидејќи жителите со децении постепено се трујат поради небезбедното ископување олово во овој регион, кој со талошењето во почвата, преку растителните плодоци тие го внесуваат во организамот. 


Во новиот извештај на Институтот Блексмит се проценува дека индустриското загадување претставува здравствен ризик за повеќе од 200 милиони луѓе во светот. Животот во овие области може да биде краток и тежок, но добрата вест е дека расчистувањето на загадувањето е поевтино и полесно отколку борбата со климатските промени.


Сите Ние треба да придонесема за заштита на природата, а со самото тоа се заштитуваме и самите себе. Треба веднаш да запре ова енормно загадаување и на природади, но и  на самите Нас. Уште денес запри го твоето загадување и твоето „самоубиство”.  Ако денес не започнеш со заштита на природата утре ќе биде многу доцна, а твоето потомство ќе го гледаш како се гуши и користи хемиска храна.












Aвтор: Иван Ефтимов

Користена литература:

-  Агрохемија  и исхрана на растенија, Р.Гулабоски, УГД- Штип,  2013 год. 

-  www. agriculture.basf.com

- www.wikipedia.org


Контакт: naucibiologija@gmail.com

Забрането е копирање на материјал без дозвола од авторот


Comments

Popular posts from this blog

Синџир на исхрана

Мутации

Градба на клетката